ФОТО: Претрес во беровско, пронајден динамит

Полицијата денеска во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршила претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци.

-При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Малолетници натепале цимер

На 14.11.2019 во Полициската станица Кавадарци полициски службеници ги привеле А.М.(18) од с.Негорци и двајца малолетници, во присуство…