Хамас го нападна Израел: Прогласена воена состојба

Утрово десетици ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи велат дека во нападот загинале најмалку 22 лица. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во војна.

Се шири снимка од уништен израелски тенк. 

Оваа очигледно исклучителнодобро организирана и координирана операција на милитантите од Хамас, во исто време претставува колосален неуспех за израелското разузнавање.

Израел со текот на годините ја разви можеби најпроширената и најсофистицираната разузнавачка мрежа на Блискиот Исток. Таа има инфилтрирано свои агенти и информатори речиси во сите милитанти групи, не само во палестинските териотрии под контрола на Израел, туку и во Либан, Сирија, Иран и на многу други места.

Поради тоа израелскит ебезбедносни службии можеа без проблем да извршуваат атентати на милитантските лидери со употреба на високопрецизни воздушни напади, или дури и со експлозив во мобилен телефон.

Но денеска, на крајот од еврејскиот празник, се чини дека израелското разузнавање беше „фатено на спиење“. Хамас успеал во целосна тајност, најверојатно и во тек на повеќе месеци, да го испланира и изврши овој внимателно координиран напад на израелска територија.

Повеќе од сигурно е дека сега Израел ќе лансира своја сопствена масивна операција за расчистување на палестинските територии, но Израелците ќе се прашуваат како ваков голем напад успеал да им се протне под нос на домашните разузнавачи. Извори од владата за западните медиуми потврдија дека веќе е започната голема истрага за тоа како разузнавачките служби не успеале пред време да идентификуваат ваков голем напад. Претставник на израелската влада за БиБиСи изјавил дека истрагата најверојатно ќе трае со години.

Total
0
Shares
Поврзани објави