Шестмина убиени, меѓу нив двајца полицајци, во пукање во Австралија

Вкупно шест луѓе се убиени, меѓу нив и двајца млади полицајци, во пукање во австралиското гратче Виембел, 300 километри западно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд, соопшти тамошната полиција во вторникот.

Престрелката се случила во попладневните часови во понеделникот по локално време, пренесуваа медиумите.

„Вендаш откако полицајците пристигнале на имотот ги дочекал оган и немале шанси. Двајца полициски службеници ладнокрвно се погубени“, изјави претседателот на локалниот синдикат на полицајците Ијан Ливерс.

Едниот убиен полицаец имал 26, а другиот всужност жена полицаец била на 29-годишна возраст, а во служба стапиле пред една односно две години.

Покрај нив, убиен е и 58-годишен маж од соседството, а откако дошло полициското засилување, околу 22,30 часот по локално време, убиени се и тројцата осомничени, двајца мажи и една жена, сите на возраст од 45 до 47 години.

Идентитетот на осомничените не е засега објавен, но според сознанијата на дневниот весник The Australian, станува збор за поранешен локален учител, неговиот брат и сопругата на братот, сопственици на имотот на кој се случила трагедијата.

Австралискиот премиер Ентони Албанеза настанот во Вименгил го опиша како „ужасен“, и додаде дека „денеска се скршени срцата на семејствата и пријателите на полицајците во Квинсленд кои ги загубија животите на должност“.

Властите засега не го потврдуваат медиумските извештаи дека осомничените биле вооружени со воено оружје и носеле маскирни униформи, но додаваат дека станува забор за „многу оружје“. Исто така, досега нема информации за можните причини за ова крвопролевање.

Медиумите пишуваат дека полицајците следеле дојава за исчезнато лице во сојуната држава Нов Јужен Велс во кое бил вклучен Натаниел Трејн, поранешен учител, кој последен пат бил виден во декември минатата година.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нови гранатирања во Киев

Рано утрово, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје. Оливер…