Хрватски медиуми ги објавија другите осомничени за убиството на Тот

Три лица се осомничени за смртта на младиот хрватски ракометар Денис Тот од Ѓаково.

Првоосомничен е Анџело Георгиевски, кој по неколкудневно бегство, вчера и се предаде на полицијата.

Уште претходно, во притвор се уште две лица за овој случај, кои впрочем на снимката се гледаат како го шутираат онесвестиот Тот, откако претходно паѓа како покосен од два удари од Георгиевски.

Од сите нив, „најпознат“ стана Георгиевски, бидејќи неговиот лик се најде на потерница на МВР, додека излегоа информации дека бил осуден за производство на дрога во Словенија.

Што се однесува до другите двајца осомничени, хрватски Индекс објави фотографија од 19-годишната Клементина Летковска од Скопје, која, како што пишува медиумот, најсилно и најжестоко го удира ракометарот.

Дел од домашните медиуми, пак, објавија дека Летковска и третиот осомничен, откако заминале со такси, подоцна се вратиле да му помогнат на Тот, меѓутоа заминале кога виделе дека воопшто не реагира.

Total
0
Shares
Поврзани објави