Цената на домашното сирење ќе се зголеми за 30 отсто

Повисока цена за 30 отсто ќе има домашното сирење. Група сточари од Брегалничкиот Регион најавуваат дека повисоката цена на сирењето без додатоци, кое го произведуваат во своите млекарници на бачилата, ќе ја направат најдоцна до 1 септември.

Причините за зголемувањето на цената е тоа што нема работници, но и климатските промени придонесуваат кон тоа затоа што, како што велат сточарите, домашното сирење се прави без додатоци.

„Токму од овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови, а резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стада на овци“,велат сточарите од Брегалничкиот регион за МИА.

Според нив, пред пет години во најголемиот сточарски регион во Источна Македонија, Малешевијата, биле евидентирани 16 000 овци. Сега, како што велат, нивниот број е преполовен и изнесува над 8 000 овци.

Домашното сирење во моментот го продаваат по цена од 500 денари за килограм, а со најавеното зголемување се очекува максималната цена да достигне и до 700 денари за килограм.

Сточарите упатија и апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се коригира рокот за чување на пријавените овци, од 1 декември на 1 октомври. 

Total
0
Shares
Поврзани објави