Цената на нафтата се качи на 100 долари барел, доларот слабее

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,22 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,65 на 115,05 јени. Но, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1330 долари, додека вчера во овој момент беше 1,1300 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, се движат на највисоките нивоа во повеќе од седум години, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето со енергија на Русија. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 0,3 отсто на 97,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,25 отсто на 92,20 долари.

Total
0
Shares
Поврзани објави