Адвокатот Наумоски нуди 1000 евра за информација кој му го запали автомобилот

Охридскиот адвокат Мишел Наумоски пред еден час на својот ФБ профил објави дека нуди 1000 евра за информација околу палењето на неговиот автомобил. Настанот се случи пред два дена кога адвокатот само што се вратил дома и го паркирал возилото по десетина мити тоа веќе горело. Под возачкото седиште има огромна дупка заради што се испитува дали возилото е запалено со екслозивна направа или пожарот е предизвикан поинаку. Тој за медиумите изјави дека имал закани по живот и за него и неговото семејство за што знаела и охридската полиција. Адвокатот е и политички ангажиран, но сепак мотивите за овој инцидент се уште не се познати.
Еве што наумоски напиша на ФБ профилот :

“Почитувани,
во интерес на откривање на можните сторители и нарачатели на кривично правниот настан ја нудам следнава
НАГРАДА
1.000,00 eur. за секоја релевантна информација која ке ги открие извршителите или нарачателите на кривичното дело. Гарантирам дискреција на изворот на информацијата “

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави