Член на партијата „Десна“ рече дека за време на убиството на Вања, се допишувал со Палевски на „Телеграм“, но комуникацијата се избришала

Во Кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со испитување на сведоци на одбраната.

Сведочеше Зоран Петковски, порано работел во полиција, и се претстави дека е член на Комисијата за безбедност на партијата „Десна“ на Љупчо Палевски.

Тој во судницата каа дека се слушал и допишувал со Палевски утрото на 27. ноември 2023 година.

„Со Палевски се слушав и се допишував критичниот ден на 27 ноември 2023 година. Комуникацијата се одвиваше меѓу 8:20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку Телеграм, креиран од Палевски. Со Палевски разговаравме за ирански дронови. Добив задача од Палевски да соберам информации околу ова и да ги известам останатите членови на Комисијата за безбедност“, рече Петковски.

Сведокот потоа рече дека бил викнат во полициската станица Пролет, во врска со просториите на партијата.

„Вклучив и диктафон, таму бевме со началникот Зарински, а беше и колегата Дејан Димевски. Ми се обрати Зарински и ме праша дали го познавам Боре. Му одговорив потврдно. Ми покажа дупка во ѕидот и ми рече: Ова ти е од Боре. Ми кажа дека користел стари методи за добивање признанија. Признанието е изнудено, и тоа треба да се земе во предвид“.

Потоа на прашање од обвинителката, сведокот рече дека не ги чува пораките од Палевски за иранските дронови.

„Каналот е креиран од Палевски, и после 30 минути се бришат и каналот и комуникацијата“, кажа сведокот.

Судењето е прекинато поради нејасна листа со сведоци и докази на Палевски, по што судењето продолжува на 5. март.

Total
0
Shares
Related Posts