Шест месечно бебе – бездомник во Битола

Бројот на бездомници во Битола се зголемува, велат од Црвениот крст Битола. Меѓу нив има и шестмесечно бебе, јавува локалната Тера телевизија.

-Изминатите години имаше од 5 до 10 бездомници, но годинава бројката е 16, за жал со тенденција за зголемување. Сите се згрижени, имаме 4 малолетни деца, од кои едно е шестмесечно бебе, изјави д-р Лилјана Ристевска, Претседател на Црвен Крст Битола.

Напорите на Црвен крст и Општина Битола се секој кој има потреба да биде згрижен.

-Никој особено во овие временски услови не смее да биде на улица, без топол оброк и згрижен како што налагаат едни човечки услови, вели таа.

На бездомните лица им обезбедуваат целосно сместување и исхрана, како и грижа од волонтерските медицински тимови кои се грижат за нивното здравје.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

фото -Најнова вест !- Нашите спасувачи од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ извадија преживеана жена од урната зграда во Турција

Четворицата членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрам Мифтари“ од Скопје вечерва успеаа да пронајдат и спасат жена…