Јанкулоска на ФБ за Јанакиески: По 5 години, ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време!

Гордана Јанкулоска – екс министерката за внатрешни работи на Фејсбук со став за својот екс колега, Миле Јанакиески откако денеска беше објавено дека Европскиот суд за човекови права утврдил дека тој незаконски бил држен во притвор.

„На денешен ден на Миле Јанакиески за првпат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода. Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време“ – напиша Јанкулоска на Фејсбук споделувајќи фотографија од семејството Јанакиески.

Total
0
Shares
Поврзани објави