Јовев: Трпев притисоци за направена грешка во протокол, Меџити ме разреши бидејќи сум дежурал без согласност на претходниот министер

Јовев беше пречекан денеска на клиниката со аплауз, а поддршка му изразија вработените и пациенти кои ги оперирал и на кои им ги спасил животите. Пациентите, меѓу кои и оние со трансплантирано срце, апелираа Јовев да не се разрешува, бидејќи, како што истакнаа, тој е голем професионалец во својата работа

Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но моето разрешување веќе преминува во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика. Иницијалната каписла може да биде некоја суета, некое недоразбирање. Како таа оди нагоре и како сакаат да жртвуваат некој што направил нешто за оваа држава, веќе може да има некаков политички пазар, изјави денеска кардиохирургот Сашко Јовев коментирајќи ја одлуката на министерот за здравство Фатмир Меџити да го разреши од позицијата директор на Клиниката за кардиохирургија.

Јовев беше пречекан денеска на клиниката со аплауз, а поддршка му изразија вработените и пациенти кои ги оперирал и на кои им ги спасил животите. Пациентите, меѓу кои и оние со трансплантирано срце, апелираа Јовев да не се разрешува, бидејќи, како што истакнаа, тој е голем професионалец во својата работа.

Јовев пред новинарите посочи дека во последниот период бил изложен на големи притисоци и дека причината за неговото разрешување, како што е наведено во решението, се две дежурства во 2022 година за кои не добил согласност од тогашниот министер за здравство.

„Конечно во оваа држава мора да победи правдината. Не сакаме да се работи за политика, сакаме да се работи проефионално за она што го работиме 24/7 за она што се жртвувавме за оваа земја, сите заедно. Во својата 35-годишна работа немам ниту еден ден боледување земено. Минатата недела имав такви притисоци што морав да се тргнам малку и да земам боледување коешто денеска го прекинав токму заради ова. Имав притисоци дека сум направил грешка, дека грешката е во самиот протокол при еден прекрасен настан кој го држевме минатата недела кога отворивме нова хибридна сала единствена во регионот, кога го пушивме во употреба апаратот кој одржува пациент во живот без бели дробови или без срце три месеци додека не му најдеме орган за трансплантација. Ги повикавме сите, но се случи што се случи“,посочи Јовев.

Тој додаде дека сите биле уредно поканети, но министерот за здравство не дошол бидејќи сметал дека поканата му била доцна испратена дека нешт, односно му била дадена прво на премиерот.

„Јас не можев тука да се мешам, тоа е влада, они одлучуваат меѓу себе и на крајот јас се најдов во средината за да на крајот испаднам жртва. И не испаднав само јас жртва, испадна жртва кардиохирургијата. Даваме лоша лекција на сите млади после нас. Во нашава земја само успехот не се протстува. Со ова им даваме пример на младите дека ако се учи, создава, ако се сака земјата, ако се биде бескрајно пожртвуван за пациентите, ако се опреми клиниката како најмодерните светски клиники, не чини, туку дека треба да ја напуштиме клиниката и земјата“,рече Јовев.

Тој, читајќи писмо од него и од целиот колектив, го повика уште еднаш министерството за здравство, министерот и владата да ја преиспитаат одлуката за неговото разрешување.

„Цврсто стоиме на ставот дека тимот кој победува не се менува, да ја оставиме политиката на страна еднаш во оваа наша мала напатена земја и да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа клиника се успеси на сите нас, на државата и токму на министерството за здравство. Сметаме дека за вака ситни пропусти, ете нека се и наши, не треба да има разрешување“,изјави кардиохирургот Јовев.

Адвокатот на Јовев, Мите Михајловски, најави дека ќе следи тужба, бидејќи не постои никаква причина за разрешувањето.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

В.д. директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Бојан Христовски денеска на Фејсбук сподели дека се повлекува од раководната позиција во претпријатието

Го пренесуваме во целост неговиот пост на социјалната мрежа: „Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за…