Јовески оди во пензија, Соња Симовска ќе биде избрана за в.д. државен јавен обвинител

Обвинителката Соња Симовска ќе биде в.д. државен јавен обвинител, која ќе го наследи Љубомир Јовески по неговото пензионирање, дознава „Скопје1“. Одлуката за именувањето на вршител на должност ќе биде донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Според извори во ова обвинителско тело, има консензус за Симовска да биде назначена на оваа позиција, а со оглед дека Собранието не избра нов државен јавен обвинител, а е познато дека пријавени се тројца кандидати.

Симовска беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. Во јавноста е позната како обвинителка која во време на распаѓање на СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“, па очи в очи се судри со обвинетиот Сашо Мијалков во Кривичниот суд.

Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.

Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.

skopje1.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави