ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје може непречено да се користи – Сопиште уште ја нема !

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје денеска изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на Скопје кој беше во прекин поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа.

Но не сите делови на Скопје добија вода. Општина СОпиште иако е веќе пладне нема вода, а на повиците на граѓаните на телефоните на Водовод одговорот е ќе биде , или после 15 часот или ќе биде до вечер. Наводно базените од кои се црпи вода кон Сопиште се уште се полнеле со вода. Ова е редовна состојба во оваа Општина секое лето да нема вода по неколку часа или пак денови. Летниот период често снемува вода попладне кога на диво се поливаат локалните ниви со питка вода од чешма и се полнат базени од многу новоизградени објекти. Сега кога ја нема таа ситуација нејасно е зшшто барем во текот на ноќта не се наполнија базените од кои Сопиште добива вода и жителите немаат повеќе од 24 часа вода.

Инаку мониторингот опфати 9 (девет) клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа, соопшти ЈП Водовод и канализација Скопје.

Total
0
Shares
Related Posts