Ќе поскапува и евтината струја?

Можно е поскапување и на евтината струја. Денеска а РКЕ наместо една просечна, ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.

Она што се знае е дека цените за  потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и  побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

Од РКЕ соопштија дека дел од трошоците ќе бидат прифатени, но дел не. Државната ЕСМ пак својата струја на Универзланиот снабдувач му ја понуди по цена која е за 17 отсто повисока од сегашната, односно за 48 евра по мегават час. Но и сотојбата на берзите и натаму е драматична.

Сите параметри покажуваат дека следи нов ценовен шок кај електричната енергија. Со новиот тарифник за стурја пак кој РКЕ го објави се очекува домаќинствата рациолано да ја трошат електричната енергија.

Границите на четирите блока се јасно дефинирани. Сите кои ќе трошат до 210 киловати влегуваат во прв блок , оние  со потрошувачка до 630  ќе бидат  дел од вторит блок, до 1.050 ќе влезат во трет, а сите оние кои ќе трошат на 1050 киловати  ќе влезат во, четвртиот блок.

Total
0
Shares
Поврзани објави