Џафери: Ако нема мнозинство гласањето на уставните измени може да се одложи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека гласањето за уставните измени би можело да се одложи ако не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа.

„Чинот на гласање не е врзан со последниот ден. Тоа го предвидува и деловникот и праксата. Собранието одлучува ако го има потребното мнозинство“, рече Џафери.

Расправата на пленарна седница за Уставни измени ќе почне на 18-ти август. Како што објасни Џафери, таа во принцип трае десет работни дена.

Според претседателот на законодавниот дом, понатаму сѐ ќе зависи од моменталната состојба, односно дали ќе се обезбеди дво-третинското мнозиснтво.

Total
0
Shares
Поврзани објави