120 евра казна за брзо возење на електричен тротинет

Казна ако не се носи елек е 50 евра, за движење по улица 80 евра, а доколку се вози со поголема брзина од дозволената 120 евра, се впишува во делот на измените на Законот за безбедност во сообраќајот кои вчера поминаа на владина седница, а се однесува на оние кои возат електирчни тротинети.

Граѓаните кои користат електрични тротинети нема да смеат да се движат по улици и булевари, туку само по велосипедски патеки. Онаму пак каде што нема велосипедски патеки дозволено е возење по тротоар.

Максималната дозволена брзина за движење по велосипедска патека е 25 километри на час, додека на тротоар само 6 километри на час. За поголема безбедност, граѓаните кои управуваат тротинет треба навечер да носат зелени флурорцентни елеци, за да можат да бидат видливи за пешаците и учесноците во сообраќајот. Со измените на законот е предвидена и возраста на која може да се управува тротинет, односно лица под 14 години не смеат да возат електрични тротинети.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нема пасош за Камчев

Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош, иако за него понуди гаранција од 2 милиони евра.…