9 години и два месеци затвор за кражбата во Тутнска банка

Првообвинетиот Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци затвор за кривични дела затајување и тешка кражба, а второобвинетиот Горан Смилевски 6,5 години за истите кривични дела. Третообвинетиот Борис Мичевски е осуден на 5 години и 2 месеци, а четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за кривично дело затајување.
Осудените треба на НЛБ банка да им го вратат целиот износ што го украле. Tие доброволно треба да го вратат износот во рок од 1 година до издржувањето на казната. На Бобан Смилевски му е забрането да го оттуѓува станот од 55 квадрати кој е на негово име.
Осудените остануваат во притвор. Роднините во солзи ја дочекаа одлуката, која што ја донесе петчлен совет составен од судиите Дарко Тодоровски, Владимир Туфегџиќ и тројца поротници.
Четворицата обвинети (Бобан и Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски) го признаа кривичното дело, но не открија што направиле со украдените пари. Во завршните зборови првообвинетиот Бобан Смилевски рече дека ѝ се извинува на сопругата што ја остава со две малолетни близначиња, на внукот што го остава без татко, на НЛБ банка и на родителите за нанесените срам, стрес и шок. Смилевски рече дека делото не е сторено за имотна корист туку бидејќи бил во големи долгови за кои тој и неговото семејство добивале закани.
#Извор Макфакс

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Зоја Бузалковска од ФДУ ја повика министерката Дескоска да каже што ќе направи за да ги отстрани неправилностите во изборите за ректор на УКИМ

На изборите за ректор на УКИМ што се одржаа вчера според податоците од Универзитетската изборна комисија од седумте кандидати најмногу поени освоил актуелниот ректор Никола Јанкуловски. Неколку дена пред изборите тројца од седумте кандидати се повлекоа, а Научно-наставниот и уметнички совет на ФДУ одлучи да не гласа на изборите