Денеска во Македонија рекорд по смртност од ковид-19

Македонија денеска го достигна рекордот по смртност од ковид-19.
Во последните 24 часа во земјава се починати 11 лица, како последица од компликации на вирусот.
Од нив, осум се од Скопје, и по еден од Куманово, Штип и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни.

Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19, од направени 1364 тестирања. Најмногу има во Скопје со 96 случаи, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 8 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.868 лица.

Total
0
Shares
Related Posts