19 години затвор за Ангела бидејќи помагала за убиството на Пино

Дваесет и две годишната, Ангела Ѓоргиевска за убиството на Пино Секондо, денеска повторно е осудена на 19 години затвор, откако скопска Апелација ја укина првостепената осудителна пресуда со која беше осудена исто така на 19 години затвор во јули лани.

Таа се гони за помагање на убиството, а осомничениот извршител Али Фуркан е во бегство.

Ѓорѓиевска, која била во љубовна врска со Пино, се товари за помагање во извршување на убиството, кое според Обвинителството го сторил Али Фуркан, но тој е се’ уште недостапен за органите на правдата. Според обвинението, таа го повикала Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров.

-Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо –  соопштија претходно од ОЈО Скопје.

Во обвинителниот акт против Ѓорѓиевска беше наведено дека на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо-Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка.

„Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот ‘шкода’ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Total
4
Shares
Поврзани објави