19-годишник осомничен дека силувал пет години помладо девојче кое живеело во неговото соседство

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово покрена истрага против 19-годишник осомничен за силување на 14-годишно девојче кое живеело во неговото соседство.

Опишувајќи го настанот за кој е осомничен тинејџерот, од Обвинителството наведуваат дека 19-годишникот во придружба на непознато лице на 12 април го пречекал девојчето во една уличка додека тоа одело во маркет во близина на Државниот универзитет во Тетово. Осомничениот потоа го повлекол девојчето за раката во насока на паркирано возило во близина. Неговиот придружник ги отклучил вратите на возилото, по што 19-годишникот го удрил 14-годишното девојче по лицето и го натерал да влезе на задното седиште на возилото.

„Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле“,се наведува во соопштението на Обвинителството.

Тинејџерот ѝ се заканил на малолетничката дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот.

По наредба на јавен обвинител, Судот во Тетово на осомничениот му одреди 30-дневен притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави