42 отсто од повиците кон ЦУК биле итни, најмногу се барала помош од полицијата

Во последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Реални повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,9 отсто, а останатите биле окарактеризирани како неитни. 

Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 40 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени  0,44 проценти.

„Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56 проценти од реалните повици“, велат од ЦУК.

Од специфичните итни случаи од вчера, ЦУК го издвојува спасувањето на повреден ловџија од непристапен и опасен терен во реонот на селото Буковиќ во Општина Сарај. Ловџијата паднал во непристапна бездна и скршил нога.

Во спасувањето се вклучил нов хеликоптер на МВР чија промоција со симулација за спасување била закажана токму за вчера во Битола. Така се случи „реална“ промоција на хеликоптерот за неговата намена. По спасувањето кај Буковиќ, хеликоптерот замина на закажаната промоција.

Total
0
Shares
Поврзани објави