Чавков и пратениците во куќен притвор

Врховниот суд попладнево објави дека пратенците осомничени за теторизам на настаните од 27 април од Шутка одат во куќен притвор, а оние кои веќе ја имаа оваа мерка им се заменува со нови мерки за претпазиловсот. Од вкупниот број осомничени петмна остануваат во истражниот затвор во Шутка.
Во прилог соопштението на Врховниот суд :

– Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1.бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор.

За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничемите З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се бара дедо Трајан

Се бара дедо Трајан. Според семејството тој има деменција . Утрово излегол од дома од село Усје скопско…