50 за убиство 39 обвиненија за обид за убиство за Тарант кој пукаше во џамии во Автралија

28-годишен Австралиец Брентон Тарант е обвинет за 50 точки за убиства и 39 точки за обид за убиство за терористичките напади во двете џамии во Крајстчрч на 15 март, соопшти полицијата од Нов Зеланд.

Педесет луѓе загинаа, а 48 лица беа повредени во терористичкиот нападот на 15 март. Австралиецот Брентон Тарант претходно беше обвинет за едно убиство како мерка да биде задржан во притвор, но полицијата соопшти дека сите смртни случаи и повреди во нападите ќе се одразат во обвиненијата.

Осомничениот утре треба да се појави на судско сослушување во Високиот суд во Крајстчрч преку аудио-визуелна врска од Окленд. Судот им забрани на медиумите снимање или фотографирање на обвинетиот откако тој ги одби услугите на адвокат од судот, и со тоа ги зголеми стравувањата дека ќе сака да го искористи секое судење како пропагандна платформа за себе.

Total
0
Shares
Поврзани објави