Постапувајќи по кривичната пријава од МВР-НК КР Делчево, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” од чл. 188 ст. 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на возраст од 46 години, на ден 16.03.2018 г. околу 20,00 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот.
Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Кочани поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Воедно надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности што укажуваат дека осомничениот со влијание врз сведоците и вештаците ќе ја попречува кривичната постапка. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение за определување на мерката притвор во траење од 30 дена.
#Извор Јавно обвинителство
Поврзани објави
Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна
50-годишен затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово бил пронајден починат утринава. „ На 06.06.2023 во 03.55 часот…
Во Албанскиот театар во Скопје се вложија над 10 милиони евра, кровот пак капе
Реновирањето на Албанскиот театар во Скопје го надмина секој рок за реализација. Иако фирмата изведувач веќе ги завршила…
Нуркачи извлекоа покуќнина од дното на Охридското Езеро
Нуркачкиот тим „Акватек” има полни раце работа поради отпадот што луѓето го фрлаат во Охридско Езеро. Во нуркачката…
Од гром во битолско изгоре штала заедно со добитокот
Гром кој вчера удри над населбата Стрчин, веднаш под месноста Смолево предизвик пожар по што изгоре штала заедно…