Вицепремиерот Бујар Османи се ангажира за ослободување на Морина, припадник на УЧК кој Србија бара да биде екстрадиран оти е осомничен за воени злосторства

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека уште од првиот ден по приведувањето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, е ангажиран за негово ослободување.

„Во текот на денешниот ден ќе се обратам до институцијата да го посетам бидејќи јасно е дека нема координација меѓу неговиот адвокат, барањето за екстрадиција итн…, рече Османи, додавајќи дека е болно што после 20 години од конфликтот, како што истакна, луѓето уште да се задржуваат и да се приведуваат за конфликтот.

Aдвокатот на Морина, Насер Рауфи, рече дека барањето за ослободување на Морина е одбиено од Судот и оти веќе е поднесено ново со кое се бара определување други мерки на претпазливост, односно овозможување на притворениот да се брани од слобода.

Томор Морина минатата недела е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, поради издадена потерница од Интерпол. Српските власти денеска побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за воени злосторства на Косово.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера ги усвои Собранието

Од Платформата велат дека Пендаровски треба да стави вето бидејќи, меѓу другото, промените во Кривичниот законик ќе водат…
Повеќе

Копал гроб, откопал граната

Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св.…