Судскиот совет во Кривичен пресуди 7 години и 6 месеци затвор за дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров. Апелациониот суд иако еднаш ја укина пресудата , по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна.
„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе првата пресуда во судница. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука, но и целото семејство. Не беше во добра здраствена состојба особено откако дозна дека родителите на Тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Во судница тврдеше дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски кажа дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа.
Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р’бетот.
Поврзани објави
Врховен неделава ќе одлучи за спогодбата од случајот “Пуч”
По одлуката за случајот Монструм, Врховниот суд неделава ќе одлучува и за предметот за Звонко Костовски, единствениот кој…
Укината затворската казна за дедото на малата Тамара кој пукаше кон Тодоров
Aпелациониот суд донесе одлука да му ja укине затворската казна од 7,5 години на дедото на малата Тамара…
Адвокатот Димишков сведок во случајот “Рекет” – Камчев сакаше да ме ангажира за да ја тргне сестра ми од “Империја”
Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка во Основниот кривичен суд, Весна Димишкова, денеска сведочи во…
Боки13: Јас го пријавив Рекет !
Вилма кажа дека уште во Јануари комуницирала со Камчев. Тој ми кажа дека е со Стерјо Зиков кој…