Хелена Дали новиот комесар на ЕУ – голем пријател на Македонија

Честитки за изборот на Helena Dalli за нов комесар на ЕУ за еднаквост од целокупната Македноска заедица во Малта .
Воедно би сакале да го истакнеме нашето задоволство од досегашната заедничка соработка со г-ѓа Дали како Министер за Европски прашања и еднаквост во Малтешката Влада. Со нејзина лична заложба ние како заедница станавме дел од комитетот за интеграција ( Forum on Integration Affairs ) , што пак е дел од Владиното тело кое се залага за подобрување на положбата на доселениците во Малта .


Воедно би сакале да истакнеме дека г-ѓа Хелена Дали е голем пријател на Македонската заедница во Малта но и на Македонија како држава .
Искрено се надеваме дека со нејзината нова функција во Европската Комисија , Македонија ке добие уште еден искрен подржувач на нанашиот пат до целосна интеграција во ЕУ . 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Митко Чавков

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност…