На 19.11.2019 околу 00.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, по добиени оперативни сознанија, било запрено товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско. Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол. Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани објави
Силувал 14 годишно девојче кое молело за помош!
Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка…
Српската полиција пронашла морначива снимки – Бандата на Беливук се снимала како касапи луѓе
Пробиена заштитената апликација „Скај“, на полицијата пронашла морничави снимки и фотографии на кои се гледа како членовите на…
Чичко заработи кривична пријава за физичко малтретирање на внуците
Скопјанец на 46 годишна возраст од Јавното обвинителство заработи кривична пријава поради физичко малтретирање на неговите малолетни вкуци,…
Телеком алармира: Пораките од нас за наградна игра се лажни !
Телеком денеска ги предупреди своите корисници за лажната наградна игра. Имено, посочија да не се учествува во наградна…