Вечерва распишани предвремени парламентарни избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна вечерва ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

Џафери првично најави дека изборите ќе ги распише утре претпладне, но по проверките е утврдено дека мора да се распишат уште вечерва што е сторено од собранискиот спикер.

Веднаш потоа е закажана седница на Државната изборна комисија.

Претходно со 108 гласа „за“ беше распуштено Собранието и завршо мандатот на 9-тиот парламентарен состав од независноста на Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нападнати тројца новинари

Поголема група од околу 7-8 луѓе, синоќа ги нападнале новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски од Македонско…