ДУИ барале „Монструм“ да се суди од почеток, Врховен дозволи

ДУИ побарале, а Врховниот суд го врати случајот Монструм на повторно судење. Лидерот на интегративците Али Ахмети денеска во својство на сведок за петкратното убиство, повеќе пати во судницата потенцираше дека  тие побарале судењето да се врати од почеток, оти неговата политичка партија платила најголема цена за овој случај, и доколку не се расветлил случајот ќе имало последици. Но според Ахмети тоа не било политички притисок врз судот, иако договор паднал меѓу политичките чинители како што рече.

-Сме разговарале со политички авторитети, затоа што политичките авторитети и политичките партии имаат одговорност за да ја менаџираат ситуацијата и на крај наша проценка беше дека ова судење мора да се повтори со биолошки, со материјални докази на најтранспарентен начин за целата јавност – рече Али Ахмети претседател на ДУИ.

Врховниот суд случајот Монструм го врати на повторно судење во ноември 2017 година, тогаш  беа ослободени од притвор и обвинетите за смиљковскиот масакар, кои до ден денеска се бранат од слобода. Дали и ова било барање на ДУИ, Османи со договор.

-Ние не сме правеле никаква форма на притисок врз судството, ние сме барале јавно дека очигледно првото судење не ги задоволи барањата на граѓаните за транспарентност и јавно презентирање на аргументите – изјави Бујар Османи од ДУИ, кој денеска беше сведок во постапката за случајот Монструм.

Ахмети и Османи денеска во својство на сведоци одговараа на прашања главно поврзани со таканаречените бомби за овој случај каде се снимени. Не ја негираа веродостојниоста на разговорите, се што кажале и направиле во тој период било со цел правдата да биде задоволена. Ахмети не негираше дека го познава обвинетиот Фејзи Азири, татктото на убиениот Александар Наќески, Горан праша дали Азири и Ахмети се познаваат од време на воениот конфликт, но тоа прашање судот не дозволи да се одговори.

-Фејзи Азири бил главен логистичар за УЧК за реонот Брест, Танушевски и Малино Маало и во тесни корелации бил со Али Ахмети – рече Горан Наќевски, татко на убиениот Александар.

Судењето продолжува на 27 месецов, тогаш ќе сведочат Синиша Алексоски, поранешен начаилник за национална безбедност, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот вицепремиер Муса Џафери.

информацијата е сопственот и превземена од телевизија Alfa.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сончево и уште потопло

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен…
Повеќе

Заразената болничарка од Инфективна клиника носела заштитна опрема при негување на починатата пациентка од конго-кримска хеморагична треска

Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема…