Ацо Тошта кој со итна медицинска помош беше изнесен од судница на денешното судење за обид за убиство на Зијадин Села е во тешка здраствена состојба и лекарите се уште го реанимираат. Според извори од болницата 8ми септември Тошта бил донесен во исклучително тешка состојба со крвен притисок над 200 и веднаш бил внесен во сала за реанимација. Лекарите повеќе од еден час се обидуваат да го стабилизираат. Тошта е дијабетичар и има вграден стент што уште повеќе ја усложнува неговата состојба.
Тој се онесвести во судница откако слушна дека обвинителството ќе го гони и ќе му се суди како дел од групата кои се обидоа да го убијат пратеникот Зијадин Села.
Поврзани објави
Нинџа нуди 115 снимени разговори за крвавиот четврток
Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба…
Судиите против онлајн судења
Здружението за судии порача – услови за онлјан судења во судовите низ земјава нема. Врховниот судија, Џемаили Саити…
Условна казна за Ивона Талевска, 2 години затвор со услов од 4
Новинарката Ивона Талевска доби пресуда условна казна две години затвор со услов од 4 да не стори ново…
Судскиот совет и министерот за правда ќе го решаваат транспортот на осуденици до суд
Судскиот совет на последната седница пред неколку дена расправале за проблемите на судовите со Казнено поправните домови…