Судскиот совет и министерот за правда ќе го решаваат транспортот на осуденици до суд

 

Судскиот совет на последната седница пред неколку дена расправале за проблемите на судовите со Казнено поправните домови од кои не се носат осуденици на закажани судски расправи. Најголем проблем со транспортот имаат затворите од внатрешноста каде едно возило се користи за сите дневно закажани судски рочишта. Често пати и тоа бидејќи е старо и дотрајано се расипува. Најголем проблем е кога треба да се патува кон Скопје на седници на Врховниот суд кога затворите немаат ниту луѓе ниту возила за транспорт. Затоа судскиот совет и откако ја разгледа состојбата во судовите во врска со непостапувањето на Казнено-поправните установи по наредбите на судиите за спроведување на осудените лица на закажаните расправи донесе заклучок претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и неговиот заменик да се сретнат со министерот за правда.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица Jанева:Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина

изјава на Катица Јанева по денешната снимка за случајот Рекет: Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со…