Директорката позитивна на Корона вирус , информацијата која ја потврди и обелодени министерот Венко Филипче имала контакт со над 100 лекари. Дел од персоналот каде што е директор останатите лекари од државава и странство кои биле дел од сипмозиум на кои таа држела предавање. Настанот бил во саботата. Неофицијално дека нешто не е во ред пријавиле нејзините колеги.
Лекарката на работа одела цела седмица по враќањето од скијање од Италија, но не се продржувала на препораките за самоизолација со оглед дека доаѓа од ризичен регион. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.
Предавањето на лекарката беше организирано од нејзината Клиника за дерматологија и компанијата „Сoлвис“.


По денешната официјална информација за позитивниот тест на директорката на Клиниката за дерматологија, сите нејзини колеги се во паника. Освен семејството со оглед дека била дел од симпозиум луѓето со кои имала можност да биде во контакт е неколку стотини.
Р.Д.