Нови 19 новозаразени прв случај во Охрид

Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на коронавирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Градоначалничката Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница честиташе празник со фотографија од времето на Коце Трајановски

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи грешка во обид да го честита…