Заради технички проблеми денешното рочиште за предметот „Монструм“ се одложи за 11 јули, кога ќе биде сослушан заштитен сведок. Заради технички проблеми за заштита на идентитетот на сведокот, рочиштето не можеше да се одржи денеска.
Во предметот Монструм им се суди на група обвинета за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Откако предметот го презеде СЈО, Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За законот се уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Поврзани објави
Апелација пак го одби Камчев – нудел речиси 5 милиони евра, а „за“ било и Обвинителството
Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот…
Катица бесна: “Гомнарке и ороспијо” и рече на Лиле и ја избркаа од судница!
„Гомнaрке и ороспијо една“, со овие зборови Катица Јанева и кажа на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова,…
“ТНТ” пука во Кривичен
Конечно во Македонија завладеа правото! Проработи “Слободата на совеста која е признаена насекаде“, вели адвокатот Јовица Страшевски во…
Изземање на Катица од „Титаник 3“ оти била скарана со Фатиме?
Адвокатот Еленко Миланов на денешното судење за случајот „Титаник 3“ побара изземање на шефицата на СЈО, Катица Јанева…