Нападнати и ограбени жени или нивни блиски подолг период се жртви на насилник кој оперира на булеварот Партизански одреди во Скопје. Сведочат, пријавуваат во полиција, но засега резултати од истрагата нема. Некои од жртвите веќе и дале детален опис во полиција за момчето кое ги ограбило. Начинот на кој ограбува е идентичен како и сите улични кражби, но она по што го запаметиле жените е неговата руса коса и бел тен.
“На булеварот Партизанска на сестри ми и украдоа златно ланче од вратот. Беа двајца едниот со изразито плава коса” , е една од пријавите на жртва на насилникот. Некои од жртвите откриваат и повеќе детали.
“Беа двајцата крадци со црн автомобил со гевгелиска регистрација. Двајцата се високи, едниот русокос. Облечени се во бермуди и маички. Нападнаа жена на булеварот пред Железника станица”, е едно од сведоштвата за грабеж кој се случил пред две седмици.
Но ограбените се огорчени на полицијата.
“На тетка ми исто пред некое време ланчето и го имаа украдено од врат . Била во полиција да пријави и рекле џандарите добро и ушите што не ти ги искорнале за да ти ги земат менѓушите. Од полицијата не очекувајте помош. Вие да сте здрави и живиќ”, е една од пораките оставени на социјалните мрежи каде и ограбените се обидуваат да ја алармираат полицијата да се справи со уличните насилници.
“Ги знаат ништо не им прават . Во Илинден ги фатија и ги пуштија со изговор дека им се собираат дела па да ги осудат. Наназад сигурно со години хара низ градов некоја банда и буквално ги дрпа герданите од врат. Кога некоја жена ке ја задават можеби некој ќе реагира. Мајка ми ќе ја задавеше го фатила ланчето со рака цврсто затоа и не можел да го земе”, сведочат жртвите.
Една од ограбените дури и го препознала по слика русокосиот и и по две години не добила покана за во суд.
Она што го раскажуваат жртвите е дека полицијата обично за вакви дела ги обвинува деца од домови за проблематични деца.
“Полицијата ќе кaже домци се . Ист случај имаше и мајка ми . Исто двајца еден плав ама без кола. Позади Буњаковец кај Песталоци. Среќа не успеале да и го земат. Ам полицијата одма домци биле, а не може отисоци паднало на земја ланчето”. По извесно време биле уапсени две лица но на идентификаиција жртвите не ги препознале.
Поврзани објави
Рускоска прво ќе го оперира колкот, па ќе размислува за кариерата
Советот на јавни обвинители идната недела треба да донесе одлука со која Русковска ќе биде вратена во нејзиното…
Загина уште еден моторџија во Охрид, удрил во пешак и во ограда од куќа
Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 18 часот на улицата Абас Емин, загина моторциклист. Како што…
ПРВА ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК ВО БУДНА СОСТОЈБА: Елитна оперативна постапка на екпертски тим од Клиничкиот центар на Србија врз 19-годишно момче
Експерти од Клиниката за неврохирургија и неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија извршија неколкучасовна хируршка интервенција за…
Куманово и Тетово вечерва најзагадени градови
Куманово и Тетово вечерва се најзагадени градови во Македонија според податоците од мерните станици. Слична е состојбата и…