И по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски: родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, информираше Министерот за здравство, Венко Филипче.
Мерките важат и за хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома.
Р.Д.