Почина и таткото на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева го изгуби и нејзиниот татко.

Таа денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.

Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.

Инаку татко на Јанева беше Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

Јанева в четврток ја очекува пресудата за случајот „Рекет“ како првообвинета.

извор: Фактор

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(обвновено) Необјавени телефонски разговори : Амди Бајрам до Јанакиески:”како не идеме, па во куќи им влеговме”, Јанкулоска “aвионите да се вртат пред да слетаат”

Последните разговрори пуштени во судница за случајот Титаник се на Јанакиески со Амди Бајрам, човек од ТАВ аеродром…