Таксистите на протест, незадоволни од новата локација за такси-станица кај Бит Пазар денеск ја блокираа раскрсницата кај Судска палата и направија хаос во сообраќајкот. Целиот ден скопјани се мачат со автомобили да се движат во Скопје оти сите околи сообраќајници се закрчени од сообраќај.
Таксистите се со барање да им се дозволи повторно да ја користат старата локација, освен новата спроти поликлиниката Бит Пазар.
„Нема работа таму, нема движење на луѓе, сите излези водат до старото место пред Зегин. Нашето барање е да можеме да се паркираме до три возила каде што бевме порано, тоа да ни го овозможи град Скопје, а новата станица да ја користиме за чекање на ред. Ова се казни зашто сме паркирале на старото место бидејќи нема можност да услужиме муштерии на новата локација. Кај новата станица не доаѓа никој, подалеку е и местото е скриено“, велат таксистите.
Од Град Скопје ги отфрлат ваквите барањата. Ги повикуваат таксистите да ја почитуваат одлуката и да не предизвикаат сообраќаен хаос. Но таксистите се упорни дека и понатаму ќе блокираат до исполнување на барањата.
Фото : ALSATM TV
Поврзани објави
Двојно убиство и самоубиство во Куманово: Маж ги убил сопругата и нејзината мајка, па си пресудил
Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Куманово. Од полицијата за Курир потврдуваат дека усмртени се две…
Шилегов ја продаде Градска куќа на ЕВН
ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар. Од Град Скопје информираат дека вчера…
Се запалија бараките на ЈП “Улици и патишта” во Скопје, експлодирала паркирана кола
Ноќеска околу 1.30 часот се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот…
Пукал во девојка, па се самоубил
Момче утрово пукало во девојката во која билo вљубенo, по што се самоубило. Кај гимназијата во Свети Николе…