Спасовски: Напад на припадник на македонската полиција е напад на државата

Во струшката болница го посетив повредениот началник на ОВР Струга Д.А. врз кого вчера беше извршен брутален обид за убиство, а кој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Му посакувам што поскоро опоравување на колегата. Воедно, би го повторил мојот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство.

Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот – најсилен.

Total
0
Shares
Поврзани објави