По вчерашниот рекорден број на новозаразени од ковид-19 и денеска во земјава има повторно троцифрен број на заразени.
Нови 182 случаи се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 1.348 тестирања.
Најмногу заразени има во Скопје, каде бројот изнесува 107 лица.
Починале шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 33 оздравени пациенти.
Досега се регистрирани 4.664 ковид дијагностицирани, оздравени има 1.836 пациенти, починати 216,а бројот на активни случаи изнесува 2.612 лица.
Поврзани објави
Учебната година може да се скрати на 6 месеци
За денеска претпладне е закажана собраниската седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на законите за основно и средно…
Пациенти се жалат од докторите во дневната амбуланта на ГОБ „8 Септември“
Гневни и бесни – пациенти со компликации од Ковид 19 во очај бараат помош во дневната амбуланта во…
Димитриевски низ солзи во очите: Со луѓето кои контактирав секој ден ги нема повеќе, тие се мртви
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утринава во директно вклучување во вестите на Сител телевизија зборуваше за моменталната…
7 починати и 125 заболени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19. – Скопје…