Учебната година може да се скрати на 6 месеци

За денеска претпладне е закажана собраниската седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование, кои треба да се донесат по скратена постапка.

Според предложените измени, во вакви услови учебната година може да започне и да заврши и во време различно од она што  е законски предвидено (180 наставни денови), односно не помалку од 100 наставни денови, за што одлучува Владата, и таа одлука може да биде за целата територија на државата или на нејзин дел. Исто така во вакви услови се спроведува и скратен час.

За тоа дали наставата ќе биде прекината одлучува Владата која го определува начинот на кој ќе се изведува таа, според скратени наставни програми, но само во вонредни околности.

Наставата притоа може да се организира со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење.

За наставата со физичко присуство мора да се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните училишта, донесени од Владата согласно законот, епидемиолошката и друга состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, бројот на учениците во паралелката и просторните и хигиенско санитарните услови во училиштето. Владата одлучува за максималниот број на учениците во паралелка во вакви услови.

Во Законот за средно образование се истакнува дека ова важи и за приватните училишта.  

Измените и дополнувањата на овие два закони со кои се регулира задолжителното образование во земјава, се поттикнати од ковид-кризата поради која последните месеци од претходната учебна година основците и средношколците ги минаа во импровизирано онлајн учење.

Total
0
Shares
Поврзани објави