Филипче со порака до опозицијата, не барајте оставка, почитувајте ги мерките против Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку Твитер упати порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека пред да барат оставка од него поради влошување на состојбата со коронавирусот прво треба да почнат да ги почуваат мерките против ширење на пандемијата, како што се носење маска во затворена просторија и да држат дистанца.

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче над објавената слика на Твитер, каде се гледаат членови од Институтот на ВМРО-ДПМНЕ во затворена просторија и без држење дистанца.  

Со тоа Филипче индиректно им укажа дека проблемот со ширењето на вирусот нема да се реши со неговата оставка, туку со стриктно почитување на мерките за заштита.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави