Од 24 мај, па наваму се регистрирани повеќе од 40 големи кластери на позитини на ковид-19 на територијата на целата држава и неколку кластери, односно од 15 до 20 кластери на територијата на градот Скопје.
Најкрактеристични се големи кластери како „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ на кои присуствувале од 50 до 150 луѓе, а некаде и 200 луѓе.
Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и државен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, која посочи дека не можат да поверуваат како овие големи настани на кои присуствувале голем број на луѓе не биле забележани од МВР.
Семејните кластери, пак, имаат од четворица до 20 инфицирани со исто презиме, односно во една фамилија.
Поврзани објави
Прилеп бара карантин за справување со коронавирусот
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување…
Караџовски: Следните месеци носат ризик фактори што можат да ја влошат епидемијата
Епидемиолошката состојба во државата со ковид-19 е стабилна, со благ тренд на намалување на бројот на пациенти, вели…
Македонецот кој во Велика Британија ја прими вакцината против ковид 19 се чувствува добро
Четириесет и тригодишен Македонец, татко на три деца и сопруг, кој работи како таксист во Велика Британија, е…
Богатите плаќаат аранжмани за приватно вакцинирање во Дубаи
Приватен клуб од Велика Британија во кој членството изнесува 25.000 фунти годишно организира патувања за своите членови во…