Државниот санитарен и здравствен инспекторат го запре извршувањето на решенијата за ставање под здравствен надзор и изолација лица кои во перидот од тринаесети јуни до денес влегле во земјата со негативен ПЦР тест на ковид-19 од земји со среден и висок ризик. Владата соопшти дека ДСЗИ оваа одлука ја донесе на барање на Генералниот координативен кризен штаб
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13 до 25 јуни за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок или среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, соопшти Владата.
Поврзани објави
ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата
ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна…
Судот во Стразбур пресуди дека на учесничка на 27 април и биле прекршени правата во врска со притворот
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, а тогаш вработена во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска ја доби Македонија на Судот…
видео од инцидентот во Хаг пред изрекување на пресудата за Ратко Младиќ
https://www.facebook.com/federalna/videos/1977657125583079/
Убиено момче во струшко по кавга за дрва
Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум доцна попладнево е застреало поради кавга за дрва. Охридската…