Светлана Милошоска, мајката на Антонијо Милошоски, на социјалните мрежи објави дека е позитивна на корона вирусот, дека се чекаат резултатите од тестирањето на нејзниот сопруг, а поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ утре треба да се тестира.
Таа во објавата до пријателите и колегите вели дека има должност да ги извести дека е се разболела од Ковид 19.
„Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура. Направив тестирање во текот на вчерашниот ден и за жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот“, вели Милошоска во објавата.
Таа објаснува дека на епидемиолозите им ги посочила сите лица со кои била во контакт. меѓу кои и сопругот и нејзиниот син Антонијо.
„На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“, вели Милошоска.
Поврзани објави
Вчерашниот пожар во Хром бил подметнат од некој кој сакал да го сокрие убиството
Обвинителството соопшти дека вчерашниот пожар во Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие…
Македонија на второ место во Европа и Централна Азија по невакцинирани деца
Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Северна Македонија од почетокот на…
(Фото) ПPEГАЗЕНИ ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА: Џип удpи во дeвојчиња додека чекале автобус на автобуска постојка
Две девојчиња со тешки повpeди со возило на брза помош беа префлени во бoлница откако џип yдpи во…
Фото : Изгоре куќа во струмичко Пиперово
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ избувна пожар во семејна куќа во селото Пиперево – информираат од Противпожарната…