Втор медиумски работник почина од Ковид 19, камерман на МТВ ја загуби битката со вирусот

Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот.
Тој бил хоспитализиран минатата недела, а здравствената состојба му се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Тој е вториот медиумски работник кој е жртва на Ковид 19 во Македонија, по смртта на Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Лекарката од Кожно која држела предавање на деца за корона се огласи – Добра сум, не сум била во контакт со директорката, спаѓам во група на низок ризик!

По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела лекар од Клиниката која сега…