Истажување: Можно е да нема траен имунитет на Ковид-19

Студија спроведена во Германија покажува сомнеж дека лицата заразени со новиот коронавирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување.

Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19.

Исто така кај 40 проценти од пацентите без симптоми, два месеци по заболувањето, во крвта немале антитела.

– Во редовните прегледи утврдивме дека кај 40 проценти од нашите пациенти не настанале антитела. Тоа докажува дека нема долгорочен иминутет и оти пациентите повторно би можеле да заболат од коронавирус, изјави главниот лекар на болницата во Швабинг, Клеменс Вендтнер.

И германскиот виролог Кристијан Дростен изјави дека кај некои пациоенти исчезнуваат антителата односно слабеат по два месеца. Тој додаде дека антителата се само еден, а не единствен индикатор за имунитет.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ЕПИ: Расно профилирање на Ромите наспроти економска исклученост на „невидливите“ без документи (EPI: Profilimi racor i romëve krahas përjashtimit ekonomik “të fantazmave” pa dokumenta)

Подигање на свеста за расното профилирање на Ромите и истрага за сите спорни случаи познати во јавноста, но…