Егзодусот на младите не запре ниту во времето на пандемијата. Од отворањето на границите за движење кон Германија со негативен ПЦР тест, се пополнуваат и термините за работна виза. Според аналитичарот Мерсим Максути, досегашните политики се виновни за имиграцијата, а ова е само продолжение на очајот од нискиот животен стандард во земјава.
Фалат реформи во правосудството, нема консолидација на правната држава, им недостасува владеење на правото. Имаат потешкотии во областа на образованието, не го наоѓаат заслуженото образование, не ги наоѓаат потребните услуги во здравството. Одговорност гледам повторно во политиката. Ова значи дека она што досега не го стори политиката, оваа состојба е дополнителен аларм“-вели за Алсат-М, Мерсим Максути, аналитичар.
Статистичките податоци покажуваат дека секое четврто лице барало работа надвор од земјава. Покрај работната сила со разни занаети, патот кон Западот го фаќаат и најдобро платените професии кај нас. Иако постои недостиг на персонал, сепак заминуваат лекарите, медицински сестри, архитекти, компјутерски инженери. Младите повеќе не ја сметаат државната работа за интересна, вели за Алсат-М, аналитичарот Артан Дика.
Тоа е систем кој не успеа да ги задржи кадрите или интелектуалниот мозок, постојано гледаме политичари кои ја полнат јавната администрација со свои роднини, а зборуваат за деполитизација на администрацијата. Гледаме партии кои служат како канцеларии за вработување, каде професионалноста и квалитетот се последните потребни работи.“-изјави Дика.
Најновите податоци на МВР покажуваат дека повеќе граѓани заминале отколку што влегле во земјава. Само во јули статистиката на граничната полиција покажува дека 56.000 повеќе граѓани ја напуштиле Македонија од бројот на оние кои се вратиле за летните одмори. Р.Д.