Мери Николова Буџаку: Македонците ги разбија стереотипите, ја поддржаа идејата за премиер Албанец

Борецот за човекови права , хуманист и кандидат за пратеник Мери Николова Буџаку попладнево се обрати кон гласачите и поддржувачите , но и кон оние кои не и веруваа и не ја поздравија идеата за Албанец премиер. Таа напиша:

Кога политичарите си простуват меѓу себе, дозволете ми и јас да им простам на сите плукачи и сите гребатори!

Можеби беше чудна но беше звучна и силна поддршката и на Македонците за слоганот ,,PSE JO” ,,ЗОШТО НЕ” !
Во демократска држава, во демократска партија со демократска одлука на листите на ДУИ се најдоа и Македонци за кандидати за пратеници. Не беше лесно но беше свесно, без задршка и без колебање, за прв пат бевме меѓу првите поджувачи за премиер Албанец заедно со мојот другар од ,,Шарените,, Златко Димовски. Зад нас застанаа уште илјадници гласачи од сите шест ИЕ. Сакам на сите да ви се заблагодарам што целосно не поддржавте, што целосно трпевте навреди од искомплексирани лица кои времето си го исполнуваа со нас, а ние како да земавме поголем залет за поголеми резултати која вроди со голема победа на ДУИ.
Големите работи ги прават големите луѓе, преку разбивање на остатоците на сите стереотипи. За прв пат државата ќе добие, во последните 100 дена, премиер Албанец! Тоа е за голема пофалба за граѓаните со европски гледишта.
Г-дине Али Ахмети ја образложи визијата и за оние кои треба да прогледат и нештата да им станат достапни. Али Ахмети е мостот кој во иднина треба да не поведе кон остварување на неговите заложби и слоганот,, ЗОШТО НЕ” да биде реалност!
Али Ахмети го кажа своето и ќе дојде време ќе го докаже ветеното. Ветувањата и реалноста се многу блиски, оној кој е доследен и ќе истрае во силната желба.
Првиот Албанец премиер не е желба само на Албанците. Нам ни е потребна личност која ќе ја зајакне економијата и ќе го подобри животот за сите нас.
Али Ахмети е единствениот лидер кој не го измами албанскиот електорат, го направи ПРВИОТ ЧЕКОР ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР. Табу темата ја скрши единствениот сталожен лидер кој 18 години стои цврсто на тло.

Total
0
Shares
Related Posts